Fifth Sunday of the Great Lent – Saint Mary of Egypt


Петта Недела од Великиот Пост – Света Марија Египетска


GOSPEL READING: Mark 10:32–45

Jesus a Third Time Predicts His Death and Resurrection

32 Now they were on the road, going up to Jerusalem, and Jesus was going before them; and they were amazed. And as they followed they were afraid. Then He took the twelve aside again and began to tell them the things that would happen to Him: 33 “Behold, we are going up to Jerusalem, and the Son of Man will be betrayed to the chief priests and to the scribes; and they will condemn Him to death and deliver Him to the Gentiles; 34 and they will mock Him, and [a]scourge Him, and spit on Him, and kill Him. And the third day He will rise again.”

Greatness Is Serving

35 Then James and John, the sons of Zebedee, came to Him, saying, “Teacher, we want You to do for us whatever we ask.”

36 And He said to them, “What do you want Me to do for you?”

37 They said to Him, “Grant us that we may sit, one on Your right hand and the other on Your left, in Your glory.”

38 But Jesus said to them, “You do not know what you ask. Are you able to drink the cup that I drink, and be baptized with the baptism that I am baptized with?”

39 They said to Him, “We are able.”

So Jesus said to them, “You will indeed drink the cup that I drink, and with the baptism I am baptized with you will be baptized; 40 but to sit on My right hand and on My left is not Mine to give, but it is for those for whom it is prepared.”

41 And when the ten heard it, they began to be greatly displeased with James and John. 42 But Jesus called them to Himself and said to them, “You know that those who are considered rulers over the Gentiles lord it over them, and their great ones exercise authority over them. 43 Yet it shall not be so among you; but whoever desires to become great among you shall be your servant. 44 And whoever of you desires to be first shall be slave of all. 45 For even the Son of Man did not come to be served, but to serve, and to give His life a ransom for many.”

***

ЕВАНГЕЛСКО ЧЕТИВО: Марко 10, 32-45

Третото пророкување за страдањата. Синовите Заведееви.

32. Кога беа на пат, искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа уплашени, па, врвејќи по Него, се боеја. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него. 33. Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците. 34. И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне. 35. Тогаш пристапија кон Него Зеведеевите синови, Јаков и Јован, и рекоа: „Учителе, сакаме да ни направиш она, што ќе побараме.” 36. Он ги праша: „Што сакате да ви направам?” 37. А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја.” 38. Но Он им рече: „Не знаете што барате. Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас?” 39. Тие одговорија: „Можеме.” А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; 40. но, да позволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Мене; тоа е за оние, за кои е приготвено.” 41. Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јакова и Јована. 42. А Исус, кога ги повика, им рече: „Знаете дека оние, што се сметаат кнезови народни, господарат над нив, и управниците управуваат над нив. 43. Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; 44. и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите. 45. Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.”


Gospel Message: “Whoever desires to become great among you shall be your servant. And whoever of you desires to be first shall be slave of all.”

Ambition and demand and how to cure them.

Today is the fifth Sunday of Lent and our Church is preparing us even more for Christ’s passion. We hear Christ Himself in the Gospel, speaking ever more clearly of His passion to His disciples and Apostles. While in last Sunday’s Gospel He told them that He would be given into the hands of men, generally and non-specifically, He now identifies these people, who are the Scribes and Hierarchs and the spiritual leaders of the Jews.

He continues and clearly tells them of His passion, that they will mock Him, they will crucify Him and that he will die. He also gives them the joyous news that, after three days, He will rise. This is what Christ does. When something huge and difficult is about to happen, He prepares us in His own way.

The Apostles however showed that they did not understand. James and John, two of His three favorites, even asked Him for something serious. They brushed aside the other Apostles, and having first set their mother, Salome, to do the asking, they asked Christ to give them the first two seats in His Kingdom. They believed that this kingdom would be an earthly one and they wanted to be FIRST. How evil is ambition - for one to want to trample on others in order to show himself and to be dominant. The Lord was saddened and reprimanded them. He also said, though, that there is good ambition! “You do not know what you are asking”, He said. Firstly, I am not going to create a temporal kingdom and secondly I am not seeking this sort of ascent, for that is the way to fall. I want the way of toil, sacrifice and grace”.

He then asked if they were able to drink of the cup that He was about to drink – that is, to die. They said “Yes”. One, who is so ambitious, sees things in a different light and thinks that he can do all things, just to succeed in his aims. He also gives everything, just to succeed.

And the Lord said: “You will die as martyrs, but to receive your place on my right and on my left is not my doing, for it is God’s on the one hand and yours on the other, for the great seats need great toil and great sacrifices”.

When they heard this, the ten were indignant, for they too were ambitious and they too wanted the honor seats. “Why them and not us?”, they thought. This happens in our lives on earth, every day and every second. Even today, we see things and we suffer and the powers that be, want to lead nations, to impose their beliefs and ideas through violence, blood and oppression.

Jesus then took them aside, did not chastise them, neither did He advise them against what they were doing, but said: “Come here, my children. People here on earth do these things, but for us, things are different. Whoever wants to be great, must become a servant. And he, who wants to be first, must become a slave to all. Do you want an example? Take me. I did not come to be served, but to serve. I did not come to sacrifice, but to be sacrificed and to give my life as a ransom for all, that all may be free”.

Therefore, the cure for ambition is humility and love. As Christ Himself did. If we want to, let us follow Him and we will be cured from all evil ambition and demand and everything negative and our lives will shine both here and in the eternal creation.

Source: “Orthodox Life”

***

Евангелска порака:„Кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите.“

Амбициозноста и барањата и како да ги лечиме

Денес е петтата недела од Великиот пост, па Светата Црква уште повеќе нè подготвува за Христовото страдање. Во Евангелието Го слушаме Самиот Христос како им зборува на Своите ученици и апостоли за Неговото страдање појасно од било кога. Додека во минатонеделното Евангелие Он им рече дека ќе биде предаден во човечки раце, воопштено и неспецифично, сега Он ги открива тие луѓе, односно – книжниците и старешините и духовните водачи на Евреите.

Он продолжува и јасно им кажува за Неговото страдање, дека ќе Го исмеат, ќе Го распнат и дека ќе Го погубат. Он, исто така, им ја соопштува и радосната вест дека – по три дена ќе воскресне. Тоа е она што Христос го прави, односно – кога нешто големо и тешко треба да се случи, Он нè подготвува на Свој начин.

Апостолите, пак, се покажаа дека не разбрале. Јаков и Јован, двајца од Неговите тројца најомилени, Го прашаа и за нешто сериозно. Тие ги отфрлија настрана останатите апостоли и, откако првин ја натераа нивната мајка Саломија да праша, побараа од Христа да им ги даде првите две места во Неговото Царство. Тие веруваа дека царството ќе биде земно, па сакаа да бидат ПРВИ. Колку нечесна е желбата – некој да сака да ги претрча другите и да се покаже себеси дека е надмоќен. Господ се нажали и ги укори. Но, исто така, Он рече дека воедно овде постои и добра желба! „Не знаете што барате“, им рече. Прво, Јас нема да создавам времено царство, а второ – Јас не барам таков вид на искачување, зашто тоа е начин за паѓање. Јас го сакам начинот на – труд, жртва и милост.“

Потоа, Он ги праша – дали се подготвени да ја испијат чашата што Нему Му престои да ја испие, што значи – да умре. Тие рекоа – „да“. Оној што е така амбициозен, ги гледа нештата во различно светло и мисли дека може сè да прави, само да ги оствари своите цели. Тој, исто така, дава сè, само да успее.

Господ, пак, им рече: „Ќе умрете како маченици, но да го добиете место од Мојата десна и лева страна, не зависи од Мене, туку од Бога во една рака, а од вас во друга, зашто да се биде на високо место бара многу труд и многу жртви.“

Кога го чуја тоа, десетте негодуваа, зашто и тие беа амбициозни и, исто така, ги сакаа почесните места. „Зошто тие, а не ние?“, си мислеа. Тоа се случува во нашиот живот на земјава, секој ден и секоја секунда. Дури и денес, гледајќи ги работите страдаме, зашто оние што се силни, сакаат да раководат со народите, да им ги наметнуваат нивните верувања и идеи преку насилство, крв и притисоци.

Потоа, Исус ги зеде настрана, не ги искара, нити пак ги посоветува против она што го правеа, туку им рече: „Дојдете овде, деца Мои. Луѓето овде на земјава ги прават тие нешта, но за нас работите се поинакви. Оној што сака да биде поголем, треба да биде слуга. И тој, што сака да биде прв, треба да им биде слуга на сите. Сакате пример? Земете Ме Мене. Јас не дојдов да жртвувам некого, туку да бидам жртвуван и да го дадам Мојот живот за откуп на сите, та сите да бидат слободни.“

Затоа, лекот за амбициозноста е – понизност и љубов. Како што постапи Самиот Христос. Ако тоа го сакаме, ајде да Го следиме, па ќе бидеме излечени од сите зли желби (похоти) и барања и сè негативно, а нашите животи ќе светат и овде (на земјата), и во вечниот живот.

Извор: „Православен живот“

Помакедончил,

Протоереј-ставрофор Бранко Постоловски


2 views0 comments

Recent Posts

See All