Pastoral Message from Father Branko (3/22)

Updated: Mar 29

March 22, 2020

Dear parishioners, brothers and sisters in Christ,

Due to the extraordinary circumstances surrounding the Covid-19 crisis, and the recommendations of our Diocese, government, and public health authorities, we are not permitted to congregate and commune in our holy churches through the Divine Liturgy and other church services. Spiritually, however, we can still be united through prayer for one another – God to deliver us from this invisible evil.

On the Third Sunday of the Great and Holy Lent – the Cross-adoring Sunday, we mark the middle of the Lenten Season. Since we are not going to be physically present in church, attached please find the GOSPEL Reading for this Sunday, along with a short HOMILY on the Gospel of Saint Mark, chapter 8th.

Also included are two recordings: chants of the Troparion (Apolyticon), on the Veneration of the Holy Cross, in Church-Slavonic Macedonian and English.

May the Lord Jesus Christ, through the intersessions of His Most Holy Mother and ever Virgin Mary, have mercy on us and save us.

With pastoral love in His name,

Father Branko

***

Драги парохијани, браќа и сестри во Христа,

Поради вонредните околности во врска со вирусната пандемија - Covid-19, и препораките на нашата Епархија, на државните и властите од јавното здравство, не ни е дозволено да се собираме и да се причестуваме во нашите свети цркви на Света Литургија и останатите богослужби. Сепак, духовно пак можеме да бидеме соединети преку молитвата еден за друг – Бог да не` избави од ова невидливо зло.

Утре, на Третата недела од Великиот и свет пост – Неделата Крстопоклона, ја означуваме средината на Великопосната сезона. Бидејќи нема физички да бидеме присутни во црква, ви го доставувам ЕВАНГЕЛИЕТО на денот, заедно со куса ОМИЛИЈА на Евангелието од Светиот апостол Марко, 8-ма глава.

Исто така, ви праќам и снимки од пеењето на Тропарот на Крстопоклона недела на црковнословенски, македонски и англиски.

Господ Исус Христос, по молитвите на Својата Пресвета Мајка и секогаш Дева Марија, да не` помилува и да не` спаси.

Со пастирска љубов во Неговото име,

Пртотоереј-ставрофор Бранко Постоловски


Go to Gospel Reading

Recent Posts

See All