St. George Macedonian Orthodox Church

(315) 487-1265

father.branko@gmail.com

5083 Onondaga Road

Syracuse, New York 13215

  • Facebook
Contact Us
  • Father Branko

Third Sunday of Lent - The Veneration of the Cross

March 22, 2020


VIEW CHANTS:

https://boards.wetransfer.com/board/sq7tegtv9fhdr74m120200321234628/latest



GOSPEL: Mark, 8,34-9,1

34When He had called the people to Himself, with His disciples also, He said to them, “Whoever desires to come after Me, let him deny himself, and take up his cross, and follow Me. 35“For whoever desires to save his life will lose it, but whoever loses his life for My sake and the gospel’s will save it. 36“For what will it profit a man if he gains the whole world, and loses his own soul? 37“Or what will a man give in exchange for his soul? 38“For whoever is ashamed of Me and My words in this adulterous and sinful generation, of him the Son of Man also will be ashamed when He comes in the glory of His Father with the holy angels.”

1And He said to them, “Assuredly, I say to you that there are some standing here who will not taste death till they see the kingdom of God present with power.”

HOMILY

In today's Gospel lesson Our Lord had some very explicit things to say about the cross that every Christian must bear. Jesus said this: "Whosoever will come after Me, let him deny himself, take up his cross, and follow Me." The cross of the Christian. This is our cross; your cross and mine.

It is clear from these words that each Christian has a cross to bear. You know, we don't mind the cross of Christ too much; it is His suffering, His pain, His agony, His anguish, His death. But when we mention our own cross, a cross that each of us must carry, well, frankly there are some people who want no part of it. But it is obvious from the words of Christ that we must be cross‑bearers, too.

Let's examine the Lord's words with some care:

A) "Whosoever will come after Me." The Lord here acknowledges that not everyone is going to want and choose to follow Him, to live His way of life. But the person who examines life and its meaning, death and its significance, and who wants to be a disciple of Jesus and follow Him, then the Lord tells this person what He expects of him ...

B) "Let him deny himself." Self‑denial. What an unpopular word this is today! We don't want to deny ourselves anything, we want to indulge in everything. By the concept of denial, Jesus meant to control all our evil inclinations and desires, and to deny or rid our-selves of all that leads to sin.

When we look into God's Book, which is like a mirror of life, we find plenty of examples of people who got into deep trouble because they refused to deny themselves their evil inclinations and desires. Cain didn't like his brother, Abel, and he refused to deny himself this hatred. He refused to get rid of it. Instead, he let it grow and grow, and finally this hatred became such a monster in him that Cain killed Abel. King David, a wonderful, pious man. He refused to deny himself the lust of the eyes, he refused to control in himself the lust of the flesh, and he committed grave sins before God and man. Judas refused to deny himself the love of gold and power and ended up betraying the Master for thirty pieces of silver and then taking his own life on a tree.

It is clear that to deny oneself isn't easy. It's hard. In fact, this is precisely why the next words of Jesus in the text are:

C) "And take up his cross." There it is. To deny ourselves is to carry a cross. St. Paul understood this well when he said, "With Christ I am nailed to the cross..." Saints Cyril and Methodius knew this a thousand years ago. When they came to translate into Slavonic the word for Baptism, they used "kreshtenije"‑a word built on the root form "cross." To be baptized, to become a Christian, meant to take up a cross, to become a cross‑bearer.

D) "And follow Me." The Lord doesn't ask of us something that He Himself didn't do. He set the pattern and example. What is more, He will send His power and help when we try to live the Christian way.

May we truly honor the Lord's cross today, as we sing "Thy Cross, 0 Master, we adore, and Thy holy resurrection we glorify." And, then, may we truly take up our cross of self‑denial and follow Him till we come face‑to‑face with the One Who so loved and died for us.

Lord, Jesus Christ, through the prayers of the Theotokos, have mercy on us and save us.

Amen.

***

ЕВАНГЕЛИЕ: Марко, 8, 34-9,1

34. И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.

35. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси.

36. Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?

37. Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?

38. Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.”

1. И им рече: „Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила.”

***

ОМИЛИЈА

Во денешното евангелско четиво, нашиот Господ Исус Христос многу јасно ни посочува неколку работи за крстот, што секој христијанин треба да ги знае. Господ Исус го рече следново: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.“ Тоа е крстот на христијанинот. Тоа е нашиот крст, твојот и мојот. Од овие зборови многу јасно се гледа дека секој има свој крст што треба да го носи.

Ајде грижливо да ги анализираме овие зборови на нашиот Господ:

А) „Кој сака да врви по Мене.“ Господ овде ни кажува дека – не секој ќе сака да врви по Него, да го прифати Неговиот начин на живот. Но, оној што го испитува својот живот и неговата смисла, смртта и нејзиното значење, како и оној што сака да биде ученик Христов и да оди по Него, нему Господ му кажува – што Тој очекува од него...

Б) „Нека се одрече од себе.“ Самоодрекување. Колку непопуларен е овој збор денес! Не сакаме да се одречеме од ништо, туку напротив – сакаме се`да приграбиме. Со пораката за самоодрекувањето, Господ Исус ни вели да ги контролираме нашите зли намери и желби (страсти) и да се одречеме или да се ослободиме од се`она што не`наведува на грев. 

Кога ќе ја погледнеме Божјата Книга, која е како огледало на животот, наоѓаме безброј примери на личности кои си нанесоа големи неприлики, бидејќи одбија да се одречат од себе и од своите зли намери и страсти. Каин не го сакаше својот брат Авел и одби да се одрече од својата омраза кон него. Одби да се ослободи од неа. Наместо тоа, дозволи омразата да расте и да расте и, на крајот – таа стана чудовиште во него, пришто Каин го уби Авела. Цар Давид, извонреден, богобојазлив човек. Тој одби да се одрече од сладостратието на очите, одби да го контролира во себе сладострастието на телото и изврши смртни гревови пред Бога и луѓето. Јуда, одби да се одрече од својата љубов кон златото и властољубието, па заврши како предавник на Господа за триесет сребреника, а потоа си го одзеде животот, обесувајќи се на дрво.

Јасно е дека, да се одречеме од себеси – не е лесно. Тешко е. Всушност, токму затоа следните Христови зборови во текстот се следниве:

Ц) „Да го земе крстот свој.“ Токму тоа. Да се одречеме од себе и да го понесеме крстот. Светиот апостол Павле го сфатил тоа добро, кога рекол: „Со Христа, јас сум прикован на крст...“ Светите Кирил и Методиј ова го знаеја пред повеќе од илјада години. Кога на старословенски требаше да го преведат зборот за Крштевање, тие употребија „Крештение“, збор чија основа е крстот. Да си крстен, да станеш христијанин, значи – да го земеш крстот, да бидеш крстоносец.

Д) „И нека оди по Мене.“ Господ не бара нешто од нас, што Самиот не го изврши. Тој ни го покажа патот со Својот пример. Уште повеќе, Тој ќе ни даде сила и помош, кога се обидуваме да живееме христијански начин на живот.

Денес го чествуваме Крстот Господов, пришто пеееме: „Господи, на Твојот Крст се поиклонуваме и Твоето свето воскресение го славиме.“ А потоа, навистина да го земеме својот крст, да се одречеме од себе и да одиме по Него, додека се соочиме со Оној, Кој толку не`возљуби и умре за нас.

Господи, Исусе Христе, по молитвите на Богородица, помилуј и спаси не`! Амин.