28th SUNDAY AFTER PENTECOST – 28-ма НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Gospel Reading: Luke 17:12-19


The Healing of the Ten Lepers


12Then as He entered a certain village, there met Him ten men who were lepers, who stood afar off. 13 And they lifted up their voices and said, “Jesus, Master, have mercy on us!” 14 So when He saw them, He said to them, “Go, show yourselves to the priests.” And so it was that as they went, they were cleansed. 15 And one of them, when he saw that he was healed, returned, and with a loud voice glorified God, 16 and fell down on his face at His feet, giving Him thanks. And he was a Samaritan. 17 So Jesus answered and said, “Were there not ten cleansed? But where are the nine? 18 Were there not any found who returned to give glory to God except this foreigner?” 19 And He said to him, “Arise, go your way. Your faith has made you well.”

***

ЕВАНГЕЛСКО ЧЕТИВО: Лука 17, 12-19

Исцелението на десетмина лепрозни луѓе

12. И кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку, 13. па со силен глас повикаа: „Исусе Наставниче, смилуј се!” 14. Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!” И тие, одејќи, се очистија. 15. А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се поврати и Го прослави Бога гласно; 16. и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин. 17. Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината? 18. Како не се најдоа да се вратат и другите и да Му заблагодарат на Бога, туку само овој туѓинец?” 19. И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!”

***

Thoughts By St. Theophan the Recluse on the Gospel reading for this Sunday

Ten lepers were healed, but only one came to thank the Lord. Isn’t there generally a similar proportion of people who are grateful after receiving benefactions from the Lord? Who has not received good things; or, rather, what do we have in us, or what ever happens to us that is not good for us? Even so, is everyone grateful to God, and does everyone give thanks for everything? There are even those who permit themselves to ask, “Why did God give us existence? It would be better for us not to exist.” God gave you existence so that you would be in eternal bliss; He gave you existence as a gift, as a gift He has furnished you with every means for attaining eternal bliss. The job depends on you: you need only to labor a bit for this. You say, “But I have only sorrows, poverty, diseases, misfortunes.” Well, these are also some of the ways to attain eternal bliss. Be patient. Your entire life is less than a moment compared with eternity. Even if you had to suffer unceasingly your entire life, against eternity it is nothing; and you still have moments of consolation. Do not look at the present, but at what is prepared for you in the future and concern yourself with making yourself worthy of that; then you will not notice the sorrows. They will all be swallowed up by unquestioning hope in eternal consolations, and your lips will never cease to utter thanks.

***

Поуки од свети Теофан Затворник на денешното Евангелие

Десет лепрозни беа излечени, но само еден дојде да Му благодари на Господа. Воопшто, зарем не е тоа сличен процент на луѓе кои се благодарни по добиените добрини од Господа? Кој нема добиено добри нешта; или, уште подобро, што имаме во нас, или било што да ни се случува – што не е добро за нас? Така, секој ли Му е благодарен на Бога и дали секој благодари за сè? Има дури и такви што си дозволуваат да се прашаат себеси – зошто Бог ни дал постоење? Подобро би било да не постоиме. Бог ти дал постоење – за да живееш во вечно блаженство; Он ти го дал постоењето како дар; како дар - Он те обезбедил со сè што ти е потребно да го добиеш тоа вечно блаженство. Таа работа зависи од тебе. Треба само да се потрудиш малку за тоа. Велиш, „Но, имам само жалости, сиромаштија, болести, несреќи“. Добро, тие нешта, исто така, се само некои од начините да добиеш вечно блаженство. Биди трпелив. Целиот твој живот е помалку од еден момент, во споредба со вечноста. Дури и ако треба целиот твој живот непрестајно да страдаш, во споредба со вечноста – тоа не е ништо; и така, сеуште имаш моменти на спокојство. Не гледај на сегашноста, туку на она што ти е подготвено во иднина и погрижи се да бидеш достоен за тоа; тогаш нема да ги забележиш жалостите. Тие сите ќе бидат проголтани од бескрајната надеж во вечни спокојства, а твоите усни нема никогаш да престанат да изразуваат благодарност.

2 views0 comments