26th SUNDAY AFTER PENTECOST – 26-та НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА


GOSPEL READING: Luke 12:16-21


Parable of the Rich Fool

16 Then He spoke a parable to them, saying: “The ground of a certain rich man yielded plentifully. 17 And he thought within himself, saying, ‘What shall I do, since I have no room to store my crops?’ 18 So he said, ‘I will do this: I will pull down my barns and build greater, and there I will store all my crops and my goods. 19 And I will say to my soul, “Soul, you have many goods laid up for many years; take your ease; eat, drink, and be merry.” ’ 20 But God said to him, ‘Fool! This night your soul will be required of you; then whose will those things be which you have provided?’

21 “So is he who lays up treasure for himself, and is not rich toward God.”

***

ЕВАНГЕЛСКО ЧЕТИВО: Лука 12, 16-21

Парабола за безумниот богат

16. И им кажа парабола и им рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу; 17. и мислеше во себе, велејќи: »Што да правам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.« 18. Па рече – вака ќе направам: »ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, 19. и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!« 20. Но Бог му рече: »Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?« 21. Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.”

***

Rich Toward God

"So is he who lays up treasure for himself, and is not rich toward God." The wealth that counts in God’s eyes is accumulated by a soul that has learned to pray, by a conscience that is clear, by a life that is dedicated to Him Who owns the land on both sides of the river, by a soul that has sought and received God’s forgiveness, by a person who believes that all the barns he owns are really God’s, given to him as a trust to be used not only for oneself but also for others. As St. Paul wrote to Timothy, "As for the rich in this world, charge them not to be haughty, not to set their hopes on uncertain riches but on God who richly furnishes us with everything to enjoy. They are to do good, to be rich in good deeds, liberal and generous, thus laying up for themselves a good foundation for the future, so that they may take hold of the life which is life indeed" (1 Tim. 6:17-19).

One day a wealthy landowner showed a young pastor his huge farm. "Everything in that direction, as far as you can see, I own," he said. Then turning east, south and west, he said the same thing. The young pastor replied, "You’ve turned me to the four quarters of the compass, and showed me all you own. But one thing you haven’t told me." He lifted his hand and pointed upward. "How much do you own in that direction?"

"So is he who lays up treasure for himself, and is not rich toward God."

Source: Fr. Anthony Coniaris – Gems from the Sunday Gospels in the Orthodox Church

***

Богат во Бога

„Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.” Богатството, што е важно во очите Божји, се собира од душа – која научила да се моли, од совест што е чиста, од живот посветен Нему, Кој ја поседува земјата на двете страни од реката, од душа што побарала и добила Божјо простување, од човек што верува дека сите амбари што тој ги поседува – се навистина Божји, нему дадени на старателство, за да бидат употребени не само за себе, туку и за останатите. Затоа, светиот апостол Павле му пишува на Тимотеја: „Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеваат на непостојаното богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада сè во изобилие. Нека прават добро, нека богатеат со добри дела, да бидат штедри и пристапливи и по таков начин да си собираат сокровиште – добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен“ (1 Тим. 6, 17-19).

Еднаш, некој богат земјопоседник му ја покажал својата огромна фарма на млад свештеник. „Сè што гледаш во тој правец, го поседувам јас“, му рекол тој. Потоа, свртувајќи се кон исток, југ и запад, му го рекол истото. Младиот свештеник одговорил: „Ги сврте кон мене сите страни на компасот и ми покажа сè што поседуваш. Но, една работа не ми кажа“. Тој ја подигна раката нагоре и покажа во тој правец, прашајќи: „Колку поседуваш во тој правец?“

„Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.”

Извор: отец Антони Кониарис – “Бисери од неделните Евангелијаво Православната Црква“

Превел, прота-ст. Бранко Постолопвски


0 views0 comments