19th Sunday after Pentecost – 19-та Недела по Педесетница

GOSPEL READING: Luke 6:31-36

31 And just as you want men to do to you, you also do to them likewise. 32 “But if you love those who love you, what credit is that to you? For even sinners love those who love them. 33 And if you do good to those who do good to you, what credit is that to you? For even sinners do the same. 34 And if you lend to those from whom you hope to receive back, what credit is that to you? For even sinners lend to sinners to receive as much back. 35 But love your enemies, do good, and lend, [a]hoping for nothing in return; and your reward will be great, and you will be sons of the Most High. For He is kind to the unthankful and evil. 36 Therefore be merciful, just as your Father also is merciful.

***

ЕВАНГЕЛСКО ЧЕТИВО: Лука 6, 31-36

31. Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив! 32. И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние, што ги сакаат нив. 33. И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Оти и грешниците го прават тоа. 34. И ако им давате заем на оние, од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници, за да им се врати истото. 35. Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите. 36. И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец.

***

Thoughts by St. Theophan the Recluse on the Gospel Reading for this Sunday

The fundamental, original commandment is: love! It is a small word, but it expresses an all-encompassing thing. It is easy to say: you must love, but it is not easy to attain love to the necessary degree. It is also not exactly clear how to attain it; this is why the Saviour surrounds this commandment with other explanatory rules: love as thyself; and as ye would that men should do to you, do ye also to them likewise. Here is shown a degree of love that one can call boundless; for is there any limit to one’s love for oneself? And is there any good which one would not want for himself from others? Meanwhile, however, the instructions are not impossible to fulfil. The matter depends upon having perfect compassion toward others, to fully transfer their feelings to yourself, to feel the way they feel. When this occurs, there will be no need to point out what you must do for others in a given situation: your heart will show you. You must only take care to maintain compassion, otherwise egoism will immediately approach and return you to itself and confine you in itself. Then you will not lift a finger for another, and will not look at him, though he might be dying. When the Lord said: love thy neighbor as thyself, He meant that our neighbour should be in us, that is, in our heart, instead of our own selves. If our “I” remains in there as before, we cannot expect anything good to come of it.

***

Поуки од свети Теофан Затворник на евангелското четиво за оваа недела

Основната, оригиналната заповед е: љуби! Тоа е мал збор, но изразува сеопфатна работа. Лесно е да се рече: мораш да љубиш, но не е лесно да постигнеш љубов до неопходниот степен. Исто така, не е јасно како да се постигне таа; ете, затоа Спасителот на оваа заповед и додава и други објаснувачки правила: љуби, како што се љубиш себеси; и, како што сакаш луѓето да постапуваат со тебе, постапувај и ти со нив. Овде е покажан степен на љубов што некој некој може да рече дека тоа е изобилство; зашто, има ли крај љубовта на некокого кон самиот себе? И, има ли некое добро што некој не би го посакал за себе од другите луѓе? Меѓувреме, сепак, тие постулати не е неможно да се исполнат. Таа работа е заснована на имањето соврешено милосрдие кон другите луѓе, кон целосното пренесување на нивнивните чувства во нас самите, односно да чувствуваш на начин – на кој тие чувствуваат. Кога тоа ќе се случи, нема потреба да се нагласува – што треба да направиш за другите луѓе во дадената прилика: твоето срце ќе ти каже. Така, мораш само да се погрижиш да негуваш милосрдие, зашто инаку егоизмот веднаш ќе ти пристапи, ќе те врати кон него и ќе те зароби во него. Тогаш, нема да мрднеш со прст за другиот, нема да го погледнеш, па макар тој и да умира. Кога Господ рече: „Возљуби го ближниот како себеси, Он мислеше дека нашиот ближен треба да е во нас, што значи – во нашето срце, наместо во нашата себичност. Ако нашето „Јас“ обитава таму како и порано, не можеме да очекуваме нешто добро да излезе од тоа.

Подготвил, протоереј-ставрофор Бранко Постоловски